Едноставни и модерни есенва (ФОТО)
Чипкани топови, фустани од антилоп, блузи кои ги откриваат рамената и сукњи со копчиња се само дел од парчињата кои сакате да ги носите преку летото, а кои многу лесно можеме да ги “префрлиме“ и во следната сезона. Нема потреба да се откажуваме од омилените парчиња кога можеме да ги носиме и во текот на малку поладните денови.
Прочитајте ги следните идеи и инспирирајте се за наредната сезона…
1. Блејзер преку џемпер во комбинација со фармерки и полу длабоки чевли.
2. Чипкана блуза под рамен фустан од антилоп, а од обувки облечете чизми и ќе постигнете шик и модерен изглед.
3. Играјте си со пропорциите така што слоевито ќе облечете долг џемпер без ракави преку килоти панталони. Балетани се совршени за оваа комбинација.
4. Крем капут врз маица на риги со антилоп сукња и папучи на штикла или платформа.
5. Нежно розов џемпер врз класична бела кошула со фармерки и штикли во nude боја. Одлична деловна комбинација.