Производи за свилена кожа
Со оваа храна сигурно ќе ги добиете посакуваните резултати:
Црна чоколада
Ако успеете да ја замените обичната чоколада со оваа за готвење ќе постигнете одлични резултати. Оваа чоколада е богата со аксиоксиданти кои ќе ја направат вашата кожа да блеска.
Зелен чај
За најдобри резултати пијте три пати на ден од овој чај. Зелениот чај изобилува со витамини и освен што е добар за кожата, го намалува ризикот од висок крвен притисок.
Спанаќ
Доколку имате кожни болести или слични проблеми на кожата практикувајте почесто консумирање на спанаќ. Без разлика на начинот на неговото готвење, спанаќот помага во брзо заздравување на кожата.
Моркови
Тие се добри за вашите очи, но и за кожата. Содржат големо изобилство на витамините А и Б, а можат да бидат одлична замена за грицките.