Корисни трикови со бебешка пудра
Бебешката пудра е една од најкорисните производи кои може да ги најдете во вашиот несесер. Ќе ви откриеме некои корисни трикови за убавина со бебешка пудра кои со задоволство ќе ги испробате.
Ја смирува кожата по депилација – Наместо лосиони и различни креми , иритираната кожа по депилација најдобро ќе ја смирите ако на неа нанесете малу бебешка пудра.
Ја освежува коса – Во недостиг на шампон за суво миење, на коренот на косата, нанесете малку пудра во прав, втриете и темелно со чешел исчешлајте за мрсна коса да ви изгледа посвежо.
Го отстранува непријатниот мирис од чевлите – Во овој период од годината носиме затворени чевли кои лесно примаат непријатен мирис. За да го отстраните мирисот во чевлите ставете пудра во прав и оставете преку ноќ. Правта ќе го неутрализира мирисот, но, исто така, ќе ја апсорбира и влагата.
Ја заменува пудрата – Во отсуство на транспарентен или пудер во прав, послужете се со бебешка пудра. Помала количина бебешка пудра со голема четка нанесете на лицето.
Ги продолжува трепките – Нанесете малку бебешка пудра на трепките пред да нанесете маскара за да изгледаат погусти и подолги.