Есенска маска од јогурт и тиква
Со менувањето на годишните времиња се менуваат и потребите на кожата. За најдобра нега ,најдобро е да се користи сезонски производи кои ќе ја потхранат кожата и ќе ја направат посветла и посјајна. Така, сега ќе ви донесеме едноставен рецепт за маска од тиква и јогурт кок ќе ви обезбедат најдобра нега на кожата во есен.
Потребно – јогурт, варена тиква, мед, маслиново масло и малку цимет.
2 лажички јогурт се меша со чаша варена тиква, половина лажичка мед, половина лажичка маслиново масло и малку цимет.
Нанесете ја маската на чисто лице и оставете да делува 10 минути. Измијте го лицето со млака вода и уживајте во убавата кожа. Благодарение на калциумот, цинкот и витамин Б со јогурт, бета каротинот од тиквата кој одлично ја закрепнува кожата и циметот, кој ја подобрува циркулацијата на крвта, вашето лице ќе блесне.