Камуфлирајте со неизмиена коса

Објавено: 5 октомври, 2016, во 07:25 часот

Лош ден на косата може да се случи на секого. Ние не можеме секој ден да имаме совршена,исфенирана  или богата и бујна коса. Кога немате време да ја измиете косата, сепак можете да имате убава фризура. Еве некои начини со кои може да се камуфлира со неизмиената коса.

Измијте ги шишките – обично шишките прво се валкаат додека остатокот од косата изгледа сосема пристојно. Ако немате време да ја миете целата коса,тогаш измијте ги само шишките. Со чисти и исфенирани шишки целата фризура ќе изгледа во целина многу подобро.

Лента – лентата лесно ќе го покрие благо замастениот скалп. Одличен избор за жените кои имаат мрсна коса која  бара речиси секојдневно миење.

Опашка – Опашката е една од најчестите фризури, што не е изненадувачки, бидејќи тоа е најлесно да се направи. Конвенционалната опашка може да ја “зачинете” така што со прамен ќе ја скриете гумичката,ќе ја натапирате или ќе ја завиткате косата во опашка.

Плетенка – Ако сте малку повеќе оригинални, можете да сплетете плетенка по линијата на косата. Ако не сте толку вешти, врзете ја вашта коса во пашка а потоа од опашката сплетете плетенка.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.