Маска од лимон и белка

Објавено: 7 октомври, 2016, во 08:15 часот

Одличен начин да ја освежите, затегнете и исчистите кожата на лицето.

Исцедете половина лимон, додадете 1 белка и убаво изматете ја смесата. Маската се нанесува директно на лицето, но избегнете го делот околу очите. Оставете ја 30 минути, а потоа отстранете ја со топла вода.

Со секое наредно нанесување можете да го зголемувате и временскиот период на дејствување. Првиот пат можеби ќе почувствувате мало пецкање поради лимонот. Ако тоа се случува при секое нанесување на маската, прекинете го третманот и обидете се со друга маска за чувствителна кожа.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.