Како сами да ги средите шишките
– Научете како да ги фенирате шишките на вистински начин
Додека се уште се влажни, шишките зачешлајте ги рамно преку лицето и затегнете ги преку челото држејќи ги меѓу показалецот и средниот прст. Сушете ги на лесна температура на фенот, почнувајќи од коренот кон врвовите. На крајот на сушењето, искористете помала округла четка, за да ги доработите краевите онака како што посакувате. После фенирањето можете да нанесете пена или лак за да ја зацврстите фризурата.
-Предност на шишките е што можете да направите добра фризура без комплетно миење на косата
Можете да ги измиете само нив, а косата да ја врзете во опавче или да направите пунџа, за да го постигнете саканиот ефект. Во последно време се повеќе се популарни шампоните за суво миење на косата. Шампонот за суво миење прво нанесете го на раце, а потоа втријте во корен на влакната со што ќе спречите создавање на грутки и да го постигнете најдобриот ефект.
-Доколку сакате да ги носите подолго време во непроменета состојба, научете самите да ги скратите
Првo исфенирајте ги, како во првата точка, а потоа земете малку погуст чешел и провлечете низ шишките до должината која ја посакувате. Земете ножици и држејќи ги вертикално, скратете ги шишките веднаш под работ на чешелот.