Топ задолжителни парчиња накит

Објавено: 12 октомври, 2016, во 07:37 часот

За да бидете вистинска дива треба да знаете дека вашата кутија за накит мора да поседува неколку оригинални парчиња накит кои што ќе имаат уникатна изработка, несекојдневен дизајн и ќе почиваат врз модните начела на класиката. Затоа ви презентираме неколку прачиња накит кои што оправдано се закитија со епитетот безвременски и секогаш во тренд.

Нежен и едноставен ѓердан

Една дама не треба само да биде убава, туку во својата колекција на накит да поседува барем еден ѓердан кој што има едноставен дизајн, нежен изглед и елегантен сјај.

Масивна кожена алка украсена со метални детали

Не е пишано правилото дека секоја жена и девојка треба да изгледа нежно и елегантно. Доколку одите на некоја рок журка со вашата кожна јакна комбинирајте ваков дизајн на алка.

Луксузни и впечатливи обетки

Сосема очекувано  вашата колекција накит да вбројува барем еден пар на скапоцени обетки кои што пленат со својата впечатливост и сјај.

Впечатлив и колоритен ѓердан

Како што е случајот со обетките, истото се однесува и на изборот на ѓердан. Ваквите гламурозни дизајни на ѓердани не можат да поминат незабележано, па затоа ве советуваме да ги комбинирате со едноставни и еднобојни парчиња облека.

Мноштво прстени

Без разлика дали сте свечено или лежерно облечени овој прстен е еден од тие модели кои што одговараат во секоја пригода.

Мали и едноставни обетки

Ако се водите според мотото дека „less is more“, тогаш малите обетки со едноставен дизајн и изглед се вистинското решение за вас.

Голем, впечатлив и брилијантен прстен

Голем, масивен прстен украсен со камен во некоја впечатлива боја е одлично решение со кое ќе го надополните вашиот стајлинг.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.