Сокријте го вашиот стомак
Постојат повеќе начини преку кои може да го сокриете вишокот на стомакот
Фустан на преклоп.
Жените комплетно му се предаваат кога чувствуваат проблем со облекувањето или комбинирањето на парчињата облека, а посебно кога имаат проблеми со килограмите околу струкот.
Сакајте го вашето сако.
Сако скроено по мерка ќе биде полн погодок за повеќе прилики, од лежерни до свечени, затоа имајте едно сако кое секогаш ќе ви биде при рака.
Темни бои.
Црната боја ја издолжува силуетата, а тоа го прават и останатите темни бои.
Носите висок струк.
Држите се до среден или висок струк на панталони или фармерки, зашто на тој начин ќе ги покриете сите не посакувани делови и вишокот.
Држете се до кроевите кои ја следат вашата силуета.
Сокривањето на стомакот под широките џемпери може да резултира тој да изгледа а и вие уште поголемо. Затоа струкираните кроеви, креираат женствена силуета.
Избегнувајте детали.
Ако сакате да го сокриете стомакот, избегнувајте било какви детали на тој дел на телото. Никако не доаѓаат во предвид џебови и украси.
Заборавете на ремен.
Мислите дека ремен околу струк е добра идеја кога сакате да го тргнете вниманието од стомакот? Не е, зашто ефектот ќе биде спротивен, колку и да ви се чини дека ги ублажува килограмите.