Ултра модерни фризури за дами со тенка коса
Сигурно на неколку познати личности сте им позавиделе на бујната и секогаш средена коса а вие се „борите“ со недостаток на волумен, со вашата танка и безживотна коса на која не и прилега ниту една фризура.
Денес решивме да ви помогнеме околу ова.
Рамно исечената фризура со должина до рамена е идеална за сите кои имате танка коса, бидејќи визуелно и го зголемува волуменот.
Коса како нерамномерно исечен боб. Долгите прамени нека бидат во преден план, а кратките позади. На овој начин визуелно вашата коса ќе изгледа побујно и прекрасно.
Друга идеја која може да ја примените за да оставите впечаток на убава коса е да исечете шишки. Тие ќе направат визуелно да се затскрие вашиот проблем и ќе направат косата да изгледа побујно.
Пикси е исто така една од оние фризури кои се секогаш во мода. Кратката фризура и нерамномерните прамени шармантно разбушавени секако ќе и дадат волумен на вашата коса, но и прекрасен урбан изглед.
Осветлувањето на врвовите на дел од прамените, визуелно ќе ја поделат вашата коса и ќе ги издвојат темните од светлите прамени, а со самото тоа ќе добиете изглед на бујна и густа коса