Четири совети за црвенокоси
Вашата боја на коса одредува каков мејкап треба да користите, а за да ги искористите предностите кои ви ги нуди косата, ние ќе ви понудиме неколку совети.
Пудра
Добро би било кога не би нанесувале јака розова пудра, туку наместо тоа да користите неутрална нијанса која би одговарала со тонот на кожата, бојата на вашите пеги и временските услови. Нанесете пудра само толку колку што ви е неопходна, а пегите најдобро би било да ги покриете со пудра на база на праска.
Кармин
Црвенокосите девојки најдобро би било да не користат кармин во портокалова или корална боја. Добро би било доколку користите розов кармин, а доколку сакате поинтензивен ефект, тогаш нанесете кармин со темно виолетова боја.
Очи
Ако имате зелени очи, најдобро би било да нанесете нежно розова сенка, доколку имате кафени очи користете кремасти нијанси, а плавооките девојки најдобро би било да направат комбинација од посветли и потемни нијанси на златна боја.
Коса
Ако имате виткана коса, најдобро би било да ја носите пуштена, а доколку имате рамна коса можете да ја носите врзана во пунџа. Секако би требало да знаете дека треба да користите производи за нега на косата, од кои задолжително е маската за заштита на бојата на косата и спреј со заштитен фактор за заштита на косата од надворешни влијанија.