Гумени чизми – хит обувки и есенва
Објавено на 26 октомври, 2016 во 07:55
Оваа есен се носат модели на гумени чизми под колено или до глуждот во сите бои. Смелите дами може да изберат дизајн со интересни дезени.
Дождливото време се повеќе не “изненадува”, па затоа и не е чудно што гумените чизми последните неколку години стана вистински хит меѓу дамите од сите возрасти.
Овие корисни водоотпорни обувки се најдобар избор за дождливото време, но исто така и за обична прошетка.
Гумените чизми може да се носат со хеланки и тесни фармерки, како и со здолништа и фустани. Која и да е комбинацијата што ќе ја одберете, ќе бидете во тренд. И уште поважно, нозете ќе останат суви и топли, дури и на пороен дожд.