Маска од пиво за раскошна коса

Објавено: 10 ноември, 2016, во 09:38 часот

Пивото и не баш некој избор вообичаен за нега но навистина може да направи чуда за косата. Доколку вашата коса е безживотна,без волумен и сјај,ви донесуваме рецепт за маска од пиво кој ќе ви помогне вашата коса да стане раскошна.

Потребни ви се ½  шолја пиво,1 лажица растително масло и едно јајце.

Постапка- Соединете ги состојките и оставете ја смесата да отстои околу два часа . Маската нанесете ја на чиста,влажна коса и оставете да делува 15 минути. Измијте со ладна вода.

Пивото можете да го ставете во шише со распрскувач и повремено да го нанесувате на косата. Кога течноста ќе испари остануваат протеини кои ја зајакнуваат косата и и го враќаат сјајот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.