Мис Филипини е новата Мис Универзум

Објавено на 17 декември, 2018 во 11:10

mis fin

Мис Филипини, Катриона Греј, беше избрана за Мис Универзум на синоќешниот 67. натпревар за убавина одржан во тајландскиот главен град Бангкок.

Како што јави ДПА, 24-годишната Греј е телевизиска водителка, манекенка и пејачка по потекло од Австралија.

На прашањето кој е најважната лекција што ја научила во животот, убавицата одговори дека научила да биде благодарна и да се стреми кон убавина додека била наставничка во училиште каде што учеле деца од различна статусно-општествено потекло во предградие на Манила.

Како втора на натпреварот заврши Тамарин Грин од Јужна Африка, а како трета Стефани Гутерес од Венецуела.

Натпреварот Мис Универзум третпат се одржа во Тајланд, кој пак, последен пат беше домаќин на ваков настан 2005 година.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.