Тања Турунџиева, нутриционистка:Интересни факти за човечкиот организам
И најдобрите навики можат да имаат штетно влијание врз вашето здравје? Не зборувајќи за оние што се општо прифатени за нездрави и штетни (пушење, претерување со алкохолни пијалаци и храна, претерано консумирање брза храна, физичка неактивност и сл.), дури и нештата на кои гледаме како на секојдневни ритуали можат да влијаат на витаминско-минералниот баланс на организмот, на метаболизмот, имунолошкиот систем и генерално, на целокупното здравје. Научете што да промените, подобрите или исфрлите од исхраната за да не му штетите на организмот. Почнуваме! Дали знаете дека…
…две до четири порции доматен сос неделно можат да го намалат ризикот од рак на простата кај мажите, бидејќи во производите од домати има големо количество на антиоксидантот ликопен?
…педесет осто од македонските жени имаат недостиг на калциум?
…витаминот Б1 може да помогне при спречување на висинска болест?
…само една цигара уништува од 25 до 100 милиграми витамин Ц?
…луѓето кои живеат во градови со смог не го добиваат витаминот Д што го добиваат луѓето кои живеат во рурални средини и села, бидејќи смогот ги апсорбира ултравиолетовите сончеви зраци?
…многу од жените користат орални контрацептиви, несвесни за фактот дека тие можат да го попречат искористувањето на витамините Б6, Б12, фолната киселина и витаминот Ц во организмот?
…на децата им е потребно еден и пол до двапати повеќе протеини по килограм телесна тежина отколку на возрасните. А, на бебињата дури и трипати повеќе!
…истражувањата на полето на ракот од Технолошкиот институт во Масачусетс откриле дека витамините Ц и Е и одредени хемиски супстанции наречени индоли, што може да се најдат во зелката, прокељот и сличните зеленчуци од оваа фамилија, се моќни и потполно безбедни инхибитори на одредени карциногени?
…кромидот, лукот, празот и ‘рдоквите во себе содржат природен антибиотик наречен алицин којшто има моќ да ги уништи болестите во срцевината на нивното создавање, без притоа да ги уништи и корисните бактерии во организмот?
…честото користење храна што содржи вештачки вкусови, бои, мононатриум глутаминат и други адитиви може да го намали влијанието на имунолошкиот систем?
…капините, боровинките и црвената зелка организмот полесно ќе ги поднесе доколку ги внесувате претходно подготвени?
…доколку сте на високопротеинска диета, вашата потреба за витаминот Б6 расте?
…двата вида кромид, и со жолта и со виолетова лушпа, црвеното грозје и прокељот се богати со кверцетин, антиканцероген агенс за кој во лабораторијата на Универзитетот во Калифорнија откриле дека има моќ да ги потисне малигните клетки пред да успеат да создадат тумори?
…маслиновото масло и маслото од репка, коишто се богати со мононезаситени масти, се најдобар природен избор на храна во борбата против болестите на срцето и кардиваскуларниот систем?
…морковите можат да бидат од помош при спречување на создавањето наслаги во ѕидовите на артериите и при превенција од срцеви удари кај луѓето што боледуваат од атеросклероза. Доволно е да изедете еден голем морков дневно и притоа да добиете приближно 11.000 меѓународни единици витамин А од бета-каротенот.
…минералот бор (што се наоѓа во јаболката, свежото и сувото грозје и во сокот од грозје), може да го забави опаѓањето на квалитетот на коските кај жените по менопаузата. Воедно, борот им помага на жените при естрогенски терапии, на начин што помага при подолго задржување на естрегенот во крвта?
…вегетаријанците кои консумираат ореви пет или повеќе пати неделно, подлежат на помал ризик од срцеви заболувања во споредба со оние што внесуваат помалку?
…аминокиселината аргинин може да ја подобри еректилната функција кај мажите?
…синдромот на карпален тунел и хормонската нерамнотежа можат да бидат симптоми на дифициенција на витаминот Б6?
…новите истражувања на полето на нутриционизмот покажуваат дека мажите кои внесуваат повеќе од четири литри вода дневно го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево за 32 отсто?
…ако секојдневното уживање подразбира консумирање на повеќе жестоки пијалаци, тоа може да доведе до намалување на количеството на витамините Б1, Б6 и фолната киселина во организмот?