Три хороскопски знаци на кои јули ќе им донесе СРЕЌА ВО ЉУБОВТА

Објавено на 4 јули, 2022 во 13:56

Врелиот летен јули го дочекавме во соѕвездието Рак, така што месечниот хороскоп опишува фокусирање на семејството и корените. Најголемата планета, Јупитер, овој месец го започнува својот ретрограден тек и не насочува кон внатрешните потреби и искуства. Еве за кого јули ќе донесе посебна среќа и љубов.

БИК

Ова ќе биде месец за паметење за вас. На 5 јули Марс влегува во вашиот знак и ќе запали оган во вас. Имате недели и недели на страст пред вас. Оваа планета ќе активира и други аспекти, па може да се очекуваат многу новитети во вашиот живот. Моќното распоредување на планетите ќе отстрани се што ви пречи во иднината, отворајќи многу простор за нова љубов и среќа. Бидете подготвени за ново поглавје каде судбината ви носи само добро. Ова е она што го чекавте долго време.

РАК

Започнете да славите, додека Сонцето свети низ вашиот знак до 22 јули. Тоа не е единствената причина за успех и среќа, други аспекти се исто така на ваша страна. Можното натегање во важна врска што ви се заканува во моментот на полна месечина ќе исчезне благодарение на Меркур и Нептун на 17 јули. Уште и кога Венера ќе влезе во вашиот знак на 18 јули, никој нема да биде попривлечен од вас! До крајот на јули можете да постигнете се, па дури и да пронајдете нова љубов.

ВОДОЛИЈА

Од почетокот на јули флертот ве следи од сите страни, а до средината на август можете дури и да ја подигнете вашата нова љубов на ново ниво. Непрекинато ќе ви се отвораат шанси, запознавате нови луѓе, започнувате нови проекти. Посебно внимание посветете на средбите кои ќе се одржат по 24 јули. Ве очекуваат многу вредни познанства.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.