Владата на Малта ќе дели ваучери до 200 евра на туристи
Додека многу европски влади бараат начини да ја вратат довербата на клиентот преку разни иницијативи, Малта се истакнува во дистрибуцијата на парични ваучери. Владата на Малта вчера објави дека ќе одвои 50 милиони евра, со цел да издаде ваучери во вредност од 100 евра на секој граѓанин над 16-годишна возраст, со цел да се поттикне потрошувачката по вонредната состојба предизвикана од пандемијата на коронавирус.
– Ова е мерка што ќе влијае на сите, компаниите, семејствата и работниците – рече премиерот Роберт Абел на прес-конференција.
Малта, им понуди на туристите до 200 евра доколку останат најмалку три дена на тој медитерански остров. Сумата зависи од рангот на хотелот во кој престојуваат туристите.
Продавниците и бизнисите со несуштинска услуга во Малта се отворија минатиот месец, откако пандемијата во земјата беше ставена под контрола. Стапката на инфекции и смртност е најниска во Европската унија, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести во четвртокот.
Бројот на заразени за 14 дена на 100.000 жители е 25.26. Островот забележа само два нови случаи на коронавирус во четвртокот, а новите случаи во последните две недели се бројат во едноцифрено.