Здрава храна – добро здравје!
Рецептот за здрава и вкусна исхрана лежи во боите на храната. Обоените овошја и зеленчуци не се само убави за око, туку ги симболизираат состојките кои се збогатени и ефективни за одредени делови од телото.
Јагодите, вишните и доматите имаат заеднички хранливи вредности, а се карактеризираат со една боја. Тајната е во тоа што секое овошје и зеленчук има определена група на фитохемикалија ( растителна супстанца која позитивно влијае на здравјето) која има заедничка боја.
Кои бои треба да се најдат во вашата чинија додека јадете за да чуствувате и изгледате добро?
Црвена и портокалова
Благодарение на состојката ликопен – каротен и активност на многумина антиоксиданси, цреното овошје и зеленчук има позитивен ефект за работата на срцето, ја спречува појавата на некои видови на рак, го чува видот и ја зајакнува меморијата.
Бета-каротинот, кој е заслужен за портокаловата боја на овошјето и зеленчукот е голем сојузник на здрава и убава кожа.
Намирници: Малина, брусница, јагоди, вишни, калинки, јаболка, црвен грејпфрут, грозје, лубеница, домати, пиперки, роквици, кајсија, дињи, праски, компир, портокал, тиква, морко и др.
Зелена
Многу зелени плодови се добар извор на каротеноид и лутеин кои одлично влијаат во спречување на очни болести.
Со оглед на тоа дека го поттикнува и чистењето на токсините од телото, зелениот зеленчук е добар штит против разни малигни заболувања.
Намирници: Грашок, спанаќ, краставица, брокула, зелка, грозје, јаболка, киви, боранија, пиперки, кромид, праз, леќа, авокадо,
Жолта
Бета-криптосантин, која меѓу другото најмногу го има во цитрусите, има благотворно влијание врз респираторниот систем и делуа превентивно на болестите на белите дробови и ги намалуа воспаленијата на зголбовите.
Намирници: Ананас, грејпфрут, лимон, пченка, жолта пиперка.