Со здрава храна до добро здравје
Објавено: 14 март, 2015, во 09:53 часот
Само со балансирана и разновидна храна можете да имате добро здравје. Еве неколку производи кои се одлични за вашето здравје.
Јогурт и млеко со ниска масленост – претставуваат одличен извор на витамин Б, а често содржат збогатено количество витамин А и Д. Млечните производи во најголемиот дел од случаите се сметаат за речиси совршен избор за снабдување на организмот со протеини и калциум.
Тестенини – се работи за храна што можете да ја најдете во разни врсти и содржи калиум, калциум и витамин Б. Воедно тестенините се богати со сложени јаглехидрати, а најдобар избор се тестенини од цело зрно.
Брокули – богати се со витамин Ц и А, а воедно претставуваат одличен извор на калциум и железо.

Спанаќ и кељ – не содржат многу калории, а воедно се богати со витамини А и Ц, железо и калциум.
Портокали – портокалите се богати со витамин Ц и со тоа се вистински заштитник на вашиот организам од многу болести.
Банана – бананите се богати со калиум и сложени јаглехидрати и му даваат енергија на организмот, што ги прави совршен избор доколку на пример планирате да вежбате.

