Дали маските за еднократна употреба може да се користат повеќекратно?

Објавено на 3 февруари, 2021 во 09:26

kn95

03.02.2021

Дали може повторно да ја носите истата маска зависи од тоа каков тип на заштитна маска користите.

Можете повторно да користите обична платнена маска, само треба да ја исперете по секоја употреба. Но, што е со оние маски за еднократна употреба, како хируршка или маска N95?

Според советот на Светската здравствена организација (СЗО) и Центрите за контрола и превенција на болести на САД (CDC), не треба да ги носите овие маски повторно, но во случај да немате нова при рака, подобро да носите некаква, отколку никаква. Еве што треба да знаете за тоа.

Зошто N95 и хируршките маски не треба да се користат повеќепати?

N95 и хируршките маски се двата вида маски за еднократна употреба кои најмногу се користат, а нивната ефикасност е најголема при првата употреба. Ако се користат повторно, овие маски всушност можат да го зголемат ризикот од инфекција како резултат на начинот на кој функционираат.

Имено, маските N95, за разлика од хируршките, можат цврсто да се затегнат и филтрираат околу 95% од честичките. СЗО препорачува да ги фрлите овие маски доколку станат влажни од дишењето. Овие маски делуваат како физичка бариера каде што се собираат микроби и капки и затоа вирусот може да се прошири на други површини и да биде потенцијално опасен за ширење на инфекцијата доколку не се отстрани правилно.

Упатства за повторна употреба во итни случаи

Значи, треба да избегнувате повторна употреба на маски за еднократна употреба, но ако ова е единственото решение за вас во итни случаи, можете да го сторите тоа според соодветните упатства за да се минимизира ризикот од инфекција.

Бидете внимателни кога ја отстранувате маската. Ако треба да ја прилагодите маската, задолжително измијте ги рацете претходно или користете средство за дезинфекција на рацете со најмалку 60% алкохол. Кога ја отстранувате маската, не заборавајте да ги допрете само врвките на маската, а не самата површината на маската.

Чувајте ја маската на прозрачно место или во хартиена кеса. Немојте да користите најлонски/пластични кеси или кеси од материјали што целосно го блокираат протокот на воздух.

Ако забележите дека маската има дупки или какво било оштетување што може да ја намали нејзината ефикасност, не користете ја.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.