Зошто е здраво возењето велосипед?
23.04.2021
Како што се стоплува времето, сега е идеален период за возење велосипед. Здравствените придобивки се многубројни, но Медицинскиот факултет на Универзитетот Харвард ги одвои петте најважни од нив.
Возењето велосипед е важно бидејќи:
Ги чува зглобовите
Кога возите велосипед целата тежина ја префрлате на силните коски на карлицата. Кога трчате или одите, тежината се префрла на нозете поради што страдаат зглобовите. Возењето велосипед е добро за сите луѓе кои имаат проблеми со болки во зглобовите или артритис.
Обезбедува аеробно вежбање
Возењето велосипед е одличен облик на аеробно вежбање, поради движењето на нозете се подобрува работата на срцето и мозокот, а делува и на крвотокот.
Исто така, поттикнува излачување на ендорфин, познат и како хормон на среќата, со што се подобрува расположението.
Ги зацврстува мускулите
Во текот на возење велосипед се користат скоро сите мускули, а најмногу мускулите на задникот, како и мускулите на нозете. Поради исправената положба работат и стомачните мускули кои помагаат во балансирање, а исто така ги користиме и мускулите во рацете и рамената.
Ги олеснува секојдневните активности
Придобивките од возење велосипед се пренесуваат на одржување рамнотежа, одење, стоење, издржливост и качување по скали. Сите физички активности ќе станат полесни благодарение на возењето велосипед.
Помага во зацврстување на коските
Активностите како возење велосипед во кои телото мора да пружи отпор ја зголемува густината на коската. Намалената густина не е занемарлив проблем бидејќи може да доведе до остеопороза.
Но, пред почетокот на интензивно возење велосипед разговарајте со доктор ако имате проблеми со тенки коски, срце или артритис.
Мите Јаначков
