Суво и болно грло – како да си помогнете?
Болката во грлото која е предизвикана од вирус, бактерија, пушење или алкохол знае да биде многу непријатна.
1. Испирање на устата (гаргара) со солена вода
Во 4 dl вода додадете лажичка сол. Неколку пати во денот испирајте ја устата со гаргара, но не запоравајте да ја плукнете течноста. Топлата солена вода ќе го смири воспалението и ќе ги намали непријатните симптоми.
2. Пијте многу течности
Топли или ладни течности, било какви ќе му бидат пријатни на вашето грло. Најдобро е да се пијат чаеви или пак обична вода, а да ги одбегнувате млекото и млечните производи бидјќи тие може додатно да го изиритираат грлото. Истото важи и за соковите од лимон, портокал, грејпфрут и домати.
3.Таблети за висока температура
Непријатното чуство на печење додека голтате ќе може да го решите со помош на вообичаена таблета за симнување на температурата од друштвото на антибиотици. Овие таблети воедно и ќе ја намалат температурата која може да се јави како последица на воспалението на грлото.
4. Плакнење на слузницата
Одржувајте го вашето грло влажно. Со течности најдобро во тоа би ви помогнале тврдите бонбони. Лижете по цел ден бидејќи тие ќе ги реактивираат мукозните мембрани и ќе го влажнат грлото. Препорачливи се бонбони со вкус на ментол, еукалиптус или мед.