Зошто е добро да земате магнезиум на горештините?
Да бидете на одмор и да страдате од надуеност и замор, секако не е воопшто пријатно. Да ги споменеме и рутините на кои ќе заборавите на летувањето, а тоа се здравата храна, вежбањето и легнувањето во одредено време. За да ги надоместите сите недостатоци, на патувањето е потребно да понесете сè што можете за да се заштитите.
Зошто не треба да одите на пат без овој важен минерал?
Магнезиумот, познат и како минерал за опуштање, игра важна улога во повеќе од 300 клеточни реакции во организмот и е важен за речиси сè – од функционирањето на нервниот систем до здравјето на коските, накратко за целокупното здравје. Во секојдневна употреба е одличен како помош при менструални грчеви, главоболки, варење. Сето ова е исклучително важно да го знаете ако одите на пат.
Уште поважно е ако размислите колку стрес доживувате, каква храна јадете, колку кофеин внесувате и на тој начин го лишувате телото од овој важен минерал. Магнезиумот е првиот избор на лекарите кога станува збор за пациенти кои страдаат од хроничен стрес, напнатост, несоница или замор.
Како да го препознаете недостигот на магнезиум?
Недостигот на магнезиум може да доведе до посериозни здравствени проблеми, како што се срцева аритмија, ангина, висок холестерол и висок крвен притисок, како и зголемување на ризикот од срцев удар.
Недостигот на магнезиум можете да го забележите многу лесно, а некои од симптомите се:
• абнормални и неправилни отчукувања на срцето
• грчеви на мускулите
• замор и чувство на исцрпеност
• главоболки
• лошо расположение што води кон депресија
• зуење во ушите
• проблеми со бубрезите, односно појава на бубрежни камења
Како до потребната количина на магнезиум на летувањето?
Постојат многу начини на кои можете да внесете магнезиум во организмот, но првиот чекор секогаш треба да биде преку храната. За среќа, има безброј вкусни намирници полни со магнезиум, а можете да го најдете во зелен лиснат зеленчук, целите зрна, кафеавиот (интегрален) ориз, млечните производи, семките, месото, морските плодови и рибата. Се препорачува да се земаат околу 250-300 милиграми дневно. Секако, постојат и суплементи кои содржат магнезиум и можете лесно да ги најдете.
Регулирање на телесната температура при горештини
Кога сте изложени на високи температури, телото работи прекувремено за да се разлади и да одржува рамнотежа помеѓу топлината што ја прима и топлината што ја губи. Луѓето со хронични болести имаат поголема веројатност да страдаат од последиците на топлината.
Потењето е природен процес во телото кое ни помага да се разладиме. Кога температурата на телото расте, во организмот веднаш се испуштаат солени течности од потните жлезди за да се разлади. Кога се потиме губиме и електролити кои можеме да ги надоместиме со некои напивки, но како помош тука е и магнезиумот кој ќе ја регулира телесната температура и на тој начин ќе го симне целиот притисок од организмот.
Постојат многу начини на кои можете да внесете магнезиум во организмот, но првиот чекор секогаш треба да биде преку храната. За среќа, има безброј вкусни намирници полни со магнезиум, а можете да го најдете во зелен лиснат зеленчук, целите зрна, кафеавиот (интегрален) ориз, млечните производи, семките, месото, морските плодови и рибата. Се препорачува да се земаат околу 250-300 милиграми дневно. Секако, постојат и суплементи кои содржат магнезиум и можете лесно да ги најдете.