ЦУК: Пожарот во Тетовско е ставен под контрола, следува испитување на водата за пиење

Објавено на 23 ноември, 2023 во 11:02

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожарот што избувна во фабриката за бои и лакови кај село Фалише, Општина Тетово, ставен е под контрола.

„Има по малку чад, но на лице место континуирано се уште има екипа пожарникари од ТППЕ Тетово којашто ја контролира ситуацијата и има и полиција за обезбедување на локацијата,“ соопшти ЦУК.

Согласно информациите во ЦУК, екипа Од ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово е на терен и за да ја испитаат водата за пиење.  Но, резултатите ќе бидат готови за неколку дена. Од ЈЗУ Тетово известуваат дека состојбата на водата ќе биде во ред, бидејќи бушотината од којашто се црпи вода имала 50 метри длабочина.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.