ЦРВПР предаде механизација на комуналното претпријатие на Општина Чашка

Објавено: 27 октомври, 2026, во 15:26 часот

Трактор, мулчер и тракторска приколка за потребите на Јавното комунално претпријатие „Тополка“ во Општина Чашка обезбедени се преку проектот „Унапредување на животниот стандард во Вардарски плански регион за подобрување на патната инфраструктура“. Тие чинат скоро 1 милион и 230 илјади денари.

Финансиските средства Центарот за развој на Вардарски плански регион ги обезбеди од Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој.

„Механизацијата е предадена на Општина Чашка. Со неа треба да се подобрат условите за чистење на територијата на општината, посебно во руралните средини во зимски услови,“ соопштија од Центар за развој на Вардарски плански регион.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.