Спасовски: 2017-2023 за недозволена трговија со дрога санкционирани 5.441 сторители, запленета дрога од 426 милиони евра
„Кога застанав на чело на МВР во 2017 година, веднаш објавивме неселективна, бескомпромисна и жестока војна против недозволената трговија со дрога, па денес во 2023 година можам да кажам дека ги имаме најдобрите резултати во последните 30 години.Третирајќи ја како врвен безбедносен предизвик веќе на подолг период, како во нашата земја така и во земјите во регионот и пошироко, недозволената трговија со дрога доби ефикасен и координиран одговор од страна на МВР“, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
🔹Од 2017 па сѐ до 2023, крајот на август, откриени се вкупно 4.702 кривични дела со вкупно 5.441 санкционирани сторители, најчесто по член 215 и 216 од Кривичниот законик.
🔹Вкупно запленети наркотични средства во вредност од 426 милиони евра – ако ги погледнете билтените и извештаите на МВР евидентно е дека скоро и да нема ден во којшто не е објавено дека улични дилери, продавачи на наркотични дроги биле уапсени при претреси на територијата на целата држава.
🔹Низа заеднички операции со државите во регионот и заедничките истраги на државите при разбивање на организираните криминални групи, како што беа акциите во Албанија и Грција кои дејствуваат во областа на недозволена трговија со дрога, при што се запленети 429 килограми кокаин.
🔹На крај, со големо задоволство можам да кажам дека во периодот 2017-2023 имавме три уништувања на запленета дрога – над 12 тони разновидна дрога.
Дума.мк