Кајакарот Љубомир Спасиќ 5-ти во генералниот пласман на Европските купови за 2026
Објавено: 23 ноември, 2026, во 09:28 часот
Прво место во категорија Мастерс 35+, петто место во генерален пласман, сениори, во конкуренција на 257 натпреварувачи, второ место во тимски настап,во мешан состав со натпреварувачи од Србија и седмо место по двете спринт-тркина реката Ди во Ланголен, Велс, се резултати кои што во саботата на Европскиот куп ги постигна македонскиот репрезентативец во кајакарски спуст Љубомир Спасиќ.
Велешанецот Спасиќ сезоната ја заврши на петото место во генералниот пласман на Европските купови за 2026 година. Конкуренти му беа дури 257 натпреварувачи. По одржаните класични трки пласманот на Спасиќ е на осмото место со што континуирано придонесува за рангирање помеѓу 10-те најуспешни спортисти на европски и светски натпреварувања.
-Уште една потврда дека трудот, дисциплината и константноста секогаш носат резултат меѓу најдобрите во Европа. Сега краток одмор, па фокусот оди кон следниот голем предизвик а тоа се натпреварите во Кина, од 14 до 21 декември, соопшти Спасиќ.
Исто така, на Европскиот куп во Ланголен, во сениорска конкуренција, голем успех постигна и кајакарот Благој Гугинов. Тој победи во генералниот пласман на Европските купови во јуниорска конкуренција.
Убавка Јаневска

