ЦУК: 1.748 повици на 112 во последното деноноќие, шумски пожари и при снежни услови
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.748 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 39,99%, а 60,01% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 52,47%, кон Итната медицинска помош 38.78%, кон пожарникарите 3,81%, а кон АМСМ 0,36% од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 4,94% со другите 60,01% што се именувани како „неитни повици“, биле на број 1.052 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање.
Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита (БПП) на Град Скопје дека во текот на изминатото деноноќие, покрај гаснење на пожаи во населени места во Скопско, имала интервенција, со едно ПП возило и четири пожарникари за гаснење запалена шума над рудникот „Бањани“ од 17:20 до 20:15 часот во Општина Чучер Сандево. Пожарникарите од ТППЕ С.Нагоричане дека во период од 14:20 до 18:30 часот, со 1 ПП возила и 2 пожарникари интервенирале на запалена нискостеблеста шума и ниска вегетација кај селата Степанце и Бајловце.
Инаку, во последното деноноќие, имало извештаи дека на повеќе места во државата пожарникарите имале помали интервенции, што најчесто значи дека имало гаснење пожари на отворено: отпадоци, контејнери.
ЦУК посочува и апелира за да не се палат отпадоци и контејнери на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух и да ги слушаат препораките на пожарникарите во поглед на чистење на оџаците.
Истовремено, ЦУК потсетува и за внимателност при прошетките во прекрасната природа на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при вакви зимски услови со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите.
Дума.мк