Издумани Крлевизми: „И неуспешните тркалезни маси завршуваат со шведска маса“
Објавено на 26 јануари, 2024 во 12:33
Седум нови издумани Крлевизми за читателите на Дума.мк од велешкиот афористичар Атанас Крлевски. Прочитајте ги, насмејте се и уживајте во претстојниот викенд!
Ако во бракот влезете како суровини, финалната обработка ќе биде – развод!
Ништо не е случајно, освен откривањето на Америка!
Открив, кога комшивката ми намигнува од балкон. Кога готви јадење со запршка.
Афористичарот е факир кој седи на боцки.
Палтата на администрацијата секогаш се во канцеларија. Дури и во лето.
И неуспешните тркалезни маси завршуваат со шведска маса.
Честицата ЌЕ најмногу се употребува во предизборјето.
Афористичар
Атанас Крлевски
Дума.мк