Сончев ден, наместа со локална облачност и повремен ветер
Објавено: 17 ноември, 2026, во 08:18 часот
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој повремено ќе биде засилен во западните делови.
Утринските температури ќе се движат од 5 до 11 Целзиусови степени, а дневните ќе достигнат од 13 до 20 степени,прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Дума.мк


