Стрип центар на Македонија – Велес ќе публикува шест нови стрип изданија на македонски јазик
Стрип списанието „Креатор“ број 35 и 36, „Илинден 903 – Борбата на Слива“ од Миле Топуз, „Историски стрипови“ од Коле Манев, „Кико и Веки во нови авантури“ од Јордан Манасијевски, стрип книгата „Алманах“ од група автори како и „Волшебни квадратчиња“ која ќе биде преведена на македонски јазик од малата Ања Тановиќ од Нови Сад, Србија се новите шест стрип изданија коишто ќе бидат публикувани од страна на Стрип центар на Македонија – Велес како дел од годишната програма на Министерство за култура на Македонија.
Програм координатор на Македонскиот стрип центар, Томе Трајков, потенцира дека изградбата на македонска национална стрип култура преферира поддршка и афирмација на македонски стрип автори.
-Ако се изземат учеството на стрип автори од други држави во ревијата КРЕАТОР, којашто традиционално ги објавува најдобрите дела од традиционалниот стрип конкурс, потоа изданието на нашата драга пријателка Ања Тановиќ, кадешто сценарист на повеќе стрипови е Ване Трајков, тогаш стрип книгите на доајените Миле Топуз, Коле Манев и Јордан Манасијевски претставуваат заслужена сатисфакција во нивниот повеќегодишен труд. Тука е и македонската стрип иднина како што се на пример авторите: ИлкоСтојановски,Славица Купенкова,Евгенија Трајковска,Ѓурѓица Варела,Сибел Исмаилова,Анита Гочева,Оливер Цветковски, Мартина величковска, Ѓунај Абдулов, Тамара Мишовска, Дарко Бојовски и други, додаде Трајков.
Томе Трајков, исто така, нагласува дека не помало значење претставува сочувувањето и
афирмацијата на македонскиот јазик. За жал, мора да се каже дека и во некои кругови,
неговото постоење се доведува во прашање.
-Стрип центар – Велес принципиелно ќе застане против тие тенденции…завршува Трајков!
Стефани Манева