Жените во ИТ секторот заработуваат помалку од нивните машки колеги
Технологијата, како најбрзо растечка индустрија, нуди плејада на можности за оние кои се заинтересирани за неа. Сепак, за жените тоа е сè уште терен со значителни пречки. Иако ИКТ секторот во нашиот регион, како и во светот, бележи брз раст и отвора бројни можности за економски и социјален развој, практиката покажува дека тие често остануваат заглавени на пониска позиција поради системски, тешко забележливи предрасуди- пишува Политика рс.
Тие се недоволно застапени на највисоките раководни позиции и покрај фактот што имаат ист или повисок степен на образование.
Понежниот пол сочинува повеќе од половина од вкупното население, па затоа нивното поголемо присуство во ИКТ сферата би било корисно за самата индустрија. Истовремено, повеќето жени би влијаеле услугите и производите да се прилагодат на потребите на двата пола, што позитивно би се одразило на довербата на корисниците. Зголемениот прилив на жени во оваа област директно би влијаел на нивната економска независност.
-Исто како и во другите области од индустријата, многу жени во ИТ сферата се растргнати меѓу семејните обврски и тешките работни задачи. Овие околности влијаат врз одлуката да го напуштат работното место- велат експертите.
Според анализите половина од жените во ИТ секторот ја напуштаат индустријата до 35-годишна возраст. Тоа може да се објасни со чувството на осаменост во доминантно машки свет, потоа, мајчинството, честите боледувања за да се грижи за детето и неразбирањето на работодавците во сите сфери на индустријата.
Дума.мк