Насилството во семејствата се зголемува, на жртвите им треба помош и превенција на социо економскиот проблем
Седумдесет и три жртви на семејно насилство евидентирани се во минатата година во општините Велес, Чашка, Градско и Лозово. Од вкупниот број 52 се жени и 21 се мажи а има и деца чии број изнесува 11. Најголен број од жртвите се Македонци поточно 61 а по нив според националноста следат Роми и Бошњаци како и еден Албанец. Сите насилници во овие евидентирани случаи завршиле пред лицето на правдата и на 68 од нив сим биле изречени мерки. Овие податоци на Меѓуопштински центар за социјална работа Велес се само дел од истражувањето на Организација на жени на Велес.
Презентирајќи ги, како дел од состојбата со насилството врз жените и семејното насилство во општините Велес, Чашка, Градско и Лозово, Организацијата на жени на Велес, ја истакна и соработката со останатите државни институции на локално ниво. Станува збор за востановена долгогодишна соработка, рече Мирјана Трајкова претседателка на Организација на жени на Велес. Тоа што треба да се истакне е Сервисот за поддршка на жртвите коишто полека но сигурно станува препознатлив од жртвите.
Сепак состојбата треба да се свати посериозно ако статистиката на полицијата, поточно на Сектор за внатрешни работи Велес, покажува дека 36 жртви на семејно насилство се здобиле со телесни повреди. Освен што го истрпеле ќотекот, на 24 од нив, им била загрозена сигурноста додека во четри случаи и со опасно орудие во тепачката или караницата кога се случило семејното насилство. Но само седум од жртвите побарале медицинска помош во Здравствен дом Велес. Скоро сите насилства од овој вид се во Општина Велес. Семејното и родово- бизарното насилство мора да се свати како социо-екомомски проблем, рече Ангелина Димовска Стојанова. Таа е психолог во Сервис за психо социјална поддршка на жените жртви на семејно насилство во Велес.
Покрај одржување на актуелноста на темата во јавноста исто така значајни се потребата од продолжување на работата на советувалиштето кое успеа да охрабри три жени во Велес да не го трпат семејното насилство како и превенцијата на социо економскиот проблем. Потребна е финансиска помош којашто освен од донатори преку проекти мора да се обезбеди преку поддршки како од општините така и од државата.
Убавка Јаневска