Учество на граѓаните, граѓанските организации и медиумите во преговорите за членство на С.Македонија во ЕУ (фото и видео)
Фото: тематски форум на Евротинк, АЛДА и БИРЦ во Велес
Во Македонија се патува по лоша сообраќајна инфраструктура која во одредени делови на државата и не одговара на потребите за квалитетен живот на граѓаните. Децениски неизграден дел на еден или повеќегодишна изградба на делница од втор како и чести но не квалитетни поправки на трет дел на автопат. Тоа е секојдневие на граѓаните во државата. Состојбата во железничкиот сообраќај е уште полоша. Стари железнички линии на кои сообраќаат амортизирани локомотиви и возови, што патувањето на граѓаните или го оддолжуваат со часови или го прават небезбедно затоа што можат да запрат на отворена пруга и патниците да не успеат да стигнат до најблискиот град во државата.
Ова се само дел од предизвиците на граѓаните кои произлегоа од дводневниот форум којшто Центар за европски стратегии „Евротинк“, Алда и БИРЦ ги одржаа во Велес како дел од проектот „Медиумите за ЕУ“ финансиски поддржан од Европска Унија. Тоа е проект од програмата на граѓанско општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Проектниот координатот Виолета Глигороска одговара на прашањето на Дума.мк зошто ни е потребен проектот во кој потребно е вклучувањето на граѓаните, граѓанските организации и медиумите.
Академската фела во државата, освен што истражува и анализира, учествува на бројни стручни симпозиуми и научни собири каде се споделуваат искуствата како од претставници на земјите во соседството, од поранешните ЈУ републики така и од Европска Унија. Проф. д-р Верица Данчевска на УКЛО во Битола, изминативе два дена, ги обучуваше претставниците на граѓанските организации, локалните и национални институции како и новинарите во Вардарски плански регион за улогата и влијанието на „Трансферзала 10“ за регионите низ кои поминува.
Транспортот и услугите се малку обработувани теми во медиумските производи како од националните така и од регионалните или од локалните медиуми. Што е потребно тие да го добијат заслуженото место во информативните содржини го прашавме обучувачот Иле Петревски, новинар и уредник во ТВ 24 Вести.
Реализацијата на проектот освен што овозможува да се надградат капацитетите за покривање, следење и испитување на преговарачкиот процес за членство на Северна Македонија во ЕУ, исто така, ќе овозможи да се подобри амбиентот за учество на медиумите во процесот на преговори за членство на државата во ЕУ, да се зајакнат медиумските професионални капацитети на новинарите,особено на младите, за регулативите, за политиките и за вредностите на ЕУ, да се создаде средина за активности и вмрежување со европските колеги како и да се поддржи односно подобри медиумската писменост.
Убавка Јаневска