Приведен велешанец во Полициска станица Велес за дрога, за пиротехнички средства и извршени кражби
Објавено на 18 ноември, 2024 во 15:11
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес, вчера, во 12:50 часот го лишиле од слобода К.Р.(54) од Велес.
-При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, пиротехнички средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Лицето К.Р. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк