Осомничен возач во неготинско којшто усмрти 75 годишна жена и избега
Објавено на 5 декември, 2024 во 12:09
Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино (ОВР), вчера, по превземени мерки и активности го пронашле Д.С.(55) од неготинско село Пепелиште. Со него бил извршен службен разговор во Полициска станица. Д.С се сомничи дека пред два дена, околу 17:30 часот, на регионалниот пат село Пепелиште – Неготино, на место викано „Лака“, со товарно возило „цитроен џампер“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 75 – годишната А.А. од село Пепелиште и го напуштил метото.
Од здобиените повреди А.А. починала, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото на несреќата извршил Јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Неготино.
Стефани Манева