Tројца велешани пријавиле измама од жена од Битола која им била роднина
Објавено: 4 ноември, 2026, во 14:40 часот
Во Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес, вчера, тројца велешани пријавиле дека биле измамени за различни суми на пари од П.М. од Битола, со која биле во роднинска врска.
„Имено, 73-годишна велешанка пријави дека била измамена за сума од 1000 евра, на тој начин што П.М. побарала од неа да ѝ ги позајми парите, со изговор дека ѝ се потребни за операција на нејзината внука. Исто така, 84-годишен велешанец пријави дека бил измамен за сума од 1000 евра, кои ѝ ги позајмил на П.М. за операција на нејзината внука, а со ист изговор таа во повеќе наврати позајмила 18.483 евра и од 76-годишна велешанка, но до моментот на пријавување парите не им биле вратени. Се преземаат мерки за расчистување на настаните, соопштија од СВР Велес.
Убавка Јаневска


