Полицијата од Чашка пронашла пушка и куршуми при претрес во дом во Долно Јаболчиште, извршен разговор со едно лице
Објавено на 9 декември, 2024 во 12:05
Во Полициското одделение Чашка, вчера, бил извршен службен разговор со Џ.И.(42) од село Долно Јаболчиште, општина Чашка.
-Претходно, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при СВР Велес, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени една ловечка пушка и 16 куршуми за пушката, соопшти Биљана Ѓаковска од Сектор за внатрешни работи Велес.
По документирање на настанот против Џ.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк