Велешанка физички го нападнала три години постариот сопруг, полицијата ја лишила од слобода
Објавено: 5 ноември, 2026, во 12:46 часот
Настанот се случил вчера во Велес, по претходна расправија, кога четириесет годишната жена го нападнала три години постариот сопруг. Тој ја пријавил во полиција.
„На 04.11.2026 во 12:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода Е.Н.(40) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека по кратка расправија физички го нападнала нејзиниот 43-годишен сопруг и му се заканувала. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


