Малолетничка избегала од домот, таткото бара полицијата да му ја врати

Објавено на 20 декември, 2024 во 13:15

Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 14:30 часот, М.Д.(29) од Велес пријавил дека неговата малолетна ќерка Ј.И.(12) се оддалечила од семејниот дом.

-Според пријавеното, Ј.И телефонски контактирала со таткото кого го известила дека била кај малолетник во населба Шуто Оризари во Скопје и дека сакала да остане кај него, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на малолетничката.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.