Лишени од слобода двајца велешани и двајца скопјани под сомнение за дрога

Објавено на 16 февруари, 2025 во 12:30

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера попладне, во 17: 00 часот, ги лишиле од слобода А.Ѓ.(48) и Х.Џ.(43); двајцата од Скопје како и Л.М.(56) и Д.Б.(29) двајцата од Велес.

-Имено, кај местото „Петрово чешмиче“, велешко, било сопрено патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ., а сопатници биле Х.Џ., Л.М. и Д.Б.. При тоа, Х.Џ. под колата фрлил пакување со кафена грутчеста материја и кафена прашкаста материја. Лицата се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.“ соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи во Велес.

Убавка Јаневска 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.