Велешките пожарникари интервенирале и при заклучен стан во кој била откриена почината жена во Велес
Објавено на 26 февруари, 2025 во 11:20

Сектор за внатрешни работи Велес побарал од Терироријалната против пожарна единица и четворица пожарникари, вчера, доцна попладне, во 18:45 часот имале интервенција на заклучена влезна врата на стан на улица „Грозда Кочова“. Откако го отклучиле станот тие го предале на полицијата за понатамошна процедура, соопштија од ТППЕ Велес.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираа дека полициски службеници во станот пронашле 72 годишна почината велешанка без траги на насилство. Тие го предале станот на семејството на починатата жена.
Убавка Јаневска
