Акцијашите ветерани од екс Ју републиките, викендов, во Словенија договараа заеднички активности ( видео и фото)

Објавено на 3 март, 2025 во 10:42

Градот Рибница на Похорје во Република Словенија беше домаќин на собирот на поранешните бригадири акцијаши сега ветерани од Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора. Сите пристигнаа изминатава сабота а домаќинот, Ненад Лауко со Управниот одбор на Меѓуопштинското здружение на бригадирите на областа Корушка им приредија заеднички пречек. Потоа Лауко на поединечни средби со секоја од делегациите од  републиките на екс Југославија, меѓу кои и македонската предводена од Борче Георгиевски, претседател на Здружение на акцијаши на Македонија, ги разгледаа предлозите за понатамошна соработка.

Фото:Домакинот Ненад Лауко со македонската делегација

Фото:Македонската делегација со жупани во Р.Словенија

Вчера словенечките акцијаши ветерани присуствуваа на Годишното собрание на здружението на акцијаши на Меѓуопштинското здружение на бригадирите на областа Корушка на која присуствуваа градоначалникот Сречо Гер како и повеќемина функционери на оваа словенечка област. Претседателот на Сојузот на здруженија на акцијаши – бригадири на Македонија, Борче Георгиевски имаше средба и разговор со градоначалникот Гер, кој не пропушти да се заблагодари за помошта во расчистувањето на Корушка по големите поплави кои ја зафатија оваа словенечка област пред две години. Тогаш македонска бригада на акцијаши ветерани замина за Словенија и пет дена учествуваше поточно помагаше во расчистувањето на последиците од поплавите во Корушка. Георгиевски и Гер разговараа и на други теми кои се особено значајни за граѓанскиот сектор од областа на волонтерството кое што е обележје на акцијашите ветерани, поддршките на локалните заедници и на државите.

Фото: Борче Георгиевски со градоначалникот Сречо Гер

Георгиевски доби можност да се обрати и на  Годишното собрание на здружението на акцијаши на Меѓуопштинското здружение на бригадирите на областа Корушка.

Особено значајно за сите присутни, домаќини и гости, кои се поранешни бригадири на младинските работни акции на просторите на екс Југославија, беше заедничката работна средба на која се планираше како годинава и во наредните години треба да се обезбеди продолжување на нивната заедничка мисија, волонтерството кое е добробит за граѓаните и за локалните заедници. Исто така и за ширење на мисијата на акцијаштвото помеѓу младите луѓе од Триглав до Гевгелија кои можат да бидат поддржувачи на ветераните акцијаши преку учество во акции за пошумување, уредување на простори, изведување на еколошки акции и слично.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.