Запалени свеќи, цвеќе, седумминутен молк и балони во Младински парк на оддавањето почит за жртвите во Кочани (видео и фото)
Објавено на 19 март, 2025 во 15:58

Ако вчера вечер на плоштад С`рмаале, во центарот на Велес, дел дојдоа во знак на протест а дел за да одадат почит, денеска напладне, во Младински парк велешани во многу поголем број оддадоа почит на жртвите во пожарот на дискотеката „Пулс“ во Кочани. Граѓаните прво се запишаа во Книга на жалост и донираа парични средства.

Потоа присустните граѓани и голем број на ученици запалија свеќи и положија свежо цвеќе.

На повик на средношколците во паркот завладеа седумминутен молк проследен со испуштен црн балон во воздухот а на секој од него имаше напишани пораки.

Дума.мк преку фотографии и видео ја пренесува атмосверата и од денешниот настан.








