Кавадаречките пожарникари изгаснаа пожар во фирма, нема повредени лица
Објавено: 30 мај, 2025, во 15:17 часот
Настанал пожар, вчера вечер, во 20:27 часот, во објект на правно лице на улица „Цветан Димов“ во Кавадарци.
„Во пожарот нема повредени лица и истиот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кавадарци. Увид изврши увидна екипа на Одделение за внатрешни работи Кавадарци,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.


