Повторно пуштен целосно во употреба мостот на Вардар кај Башино село

Објавено: 8 јули, 2025, во 15:10 часот

Мостот на реката Вардар кај Башино село денеска е повторно пуштен во употреба, откако заврши санацијата што започна во март годинава. Со ова се врати стабилноста и мостот е ставен во функција во два правци, а во наредниот период ќе биде извршена санација и на горниот дел.

Санацијата има за цел да го продолжи векот на користење на мостот за наредните 5 до 10 години, сè додека не се изгради нов. Под мостот е поставена современа опрема за 24-часовен мониторинг која евидентира секое движење на конструкцијата.

Работите ги изведуваше „Синтек инженеринг ДООЕЛ“, а вредноста на проектот изнесуваше 24,6 милиони денари, односно околу 400 илјади евра.

На отворањето присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, министерот за транспорт и врски Александар Николоски и Марко Колев градоначалник на Велес.

Мостот беше итно затворен на 3 јануари по наредба на Државниот сообраќаен инспекторат, откако редовната контрола покажа дека е небезбеден.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.