Уметницата Вероника Караколева ги кани Велешани на концертно уживање во родниот град

Објавено: 12 август, 2025, во 11:53 часот

Сопранот Вероника Караколева ќе одржи концерт во Ликовен салон во рамки на културната манифестација „Велешко лето“.

Караколева пред љубителите на оперското пеење ќе изведе програма составена од италијански арии од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи како и хрватски, германски и македонски песни од хрватскиот композитор Јосип Хаце, од македонскиот композитор Тодор Скаловски и од германскиот композитор Франс Шуберт.

На концерот Караколева ќе биде придружувана од пијанистката Фросина Џини.

Концертот ќе се одржи во среда, на 13 август, со почеток во 20:00 часот. Влезот е слободен.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.