Пријавени два случаи на физички напад во СВР Велес – приведени осомничени

Објавено: 14 август, 2025, во 14:31 часот

Два одделни случаи на физички напади се регистрирани на 13 август во регионот на Велес и Неготино, при што полицијата интервенирала и привела две лица осомничени за насилство.

Првиот случај е пријавен во СВР Велес во 12:40 часот од страна на 40-годишна жена од Велес. Таа пријавила дека на улицата „11-ти Октомври“ била физички нападната од З.Н. (42) од Велес, со кого претходно била во љубовна врска. Според пријавата, тој ја нападнал и во домот на осомничениот. Случајот е документиран, а против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во вториот инцидент, во 20:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода 22-годишниот Ф.М. од село Криволак, откако бил пријавен од триесет и шест годишниот Џ.Б. од Велес дека физички го нападнал неговиот малолетен син.

Од СВР Велес додаваат дека Ф.М. бил приведен, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.