Поповски: До 25 септември без врнежи, потоа вистинска есен, врнежи и снег на планините

Објавено: 18 септември, 2025, во 09:03 часот

„Невообичани ладни утра за овој период од годината со потпросечни температури на воздухот се пред нас, а преку денот многу сонце  и ведро време без никаква облачност. Наутро температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштаат под 10 степени, локално и под 5 степени а на високите плани температурите ќе се спуштаат близу 0 степени, со што е можна појава на слаб мраз и слана.

Токму ова е поради влијанието на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој е распространет во најголем дел над европскиот континент и условува развој на вакви временски услови. Преку ден пак ќе биде пријатно топло со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервал од 21 до 30 степени.

Ваквата временска состојба во Македонија ќе се задржи се до 25 септември, по што следува голема промена на временската состојба поточно доаѓање на вистинска есен со многу пониски температури на воздухот, многу повеќе врнежи а на планинските места и појава на снег“, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.