Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Објавено: 26 октомври, 2026, во 08:47 часот

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Во претпладневните часови во одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина од над 50 километри на час.

Утринските температури ќе се движат од 4 до 11 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 11 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со можност за појава на магла претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец,соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.